Свет 24. февруари 2019. / 21:45

(ВИДЕО) Масовни протести вечерва низ цела Романија

(ВИДЕО) Масовни протести вечерва низ цела Романија

Илјадници Романци вечерва излегоа на протести низ поголемите градови низ целата земја поради измените во Законот за судство.

Според новиот закон, донесен со итна интервенција на Владата, се загрозува работата на обвинителството и се заслабува борбата против корупцијата. Пред зградата на Владата во Букурешт се собрани околу 7 000 демонстранти. Европската комисија, американскиот Стејт департмент и илјадници судии предупредија дека промените претставуваат закана за судската независност. Во протест без преседан, обвинителите рекоа дека ќе работат само на случаи за вонредни состојби од понеделникот во период од три до седум дена. Многу судии ќе го следат примерот.

Судиите ја одбија поканата утре да се состанат со премиерката Виорика Данчила на разговори околу декретот.

-За независноста на судството не може да се преговара, се вели во соопштението потпишано од здруженијата на судии.

“Секој дијалог во врска со одобрувањето на … декретот требаше да биде инициран пред да биде одобрен, а не потоа. Единственото решение што се остави сега е да се укине декретот во целост”.Во Букурешт е блокиран сообраќајот , а демонстрантите  извикуваат “Правда, а не корупција”, “Судии, не се откажувајте” и “Срамота!”

Илјадници луѓе се собраа во градовите низ целата земја.