Свет 08. февруари 2020. / 21:11

(ВИДЕО) Македонка со детали за масакрот во трговскиот центар во Тајланд

(ВИДЕО) Македонка со детали за масакрот во трговскиот центар во Тајланд

Марина Јакшиќ, Македонка која живее во градот Корат, во Тајланд, за телевизијата „Телма“ сведочи за масакрот кој се случи денеска во еден трговски центар во кој војник уби најмалку 20 лица.

Војска и командоси се распоредени околу трговскиот центар. Убиецот се уште е на слобода, а полицијата ги блокира сите приоди кон центарот на градот Корат, во обид да го спречи напаѓачот.