Новиот вршител на должност министер за правосудство на САД, поставен од претседателот Доналд Трамп по смената на Џеф Сешнс, Мат Витакер, предизвика бројни полемики.
Не само што критичарите тврдат дека нема никакви квалификации за таа позиција, изборот на Витекер е проблематичен и поради неговото учество во измама, кога компанијата во која тој бил член на надзорниот одбор, се обидела на луѓето да им продаде тоалетна школка наменета за ,,обдарени мажи“, а собирале и пари во облик на биткоини за наводно истражување машина за патување низ времето.
Витекер и неговите соработници тврделе дека такво патување би можело да се оствари веќе наредната деценија, а измамата ја нарекле “Time Travel X” и ја рекламирале како средство за инвестирање, кое на потенџијалните инвеститори би им овозможило да ги проживеат моментите од своето минато или да ја посетат својата иднина.
Како што пишуваат американсктие медиуми World Patent Marketing морала во мај да се затвори со спогодба со Сојузната трговска комисија, кога морале да платат 26 милиони поради обвиненија за измама на своите вложувачи.