Свет 10. август 2020. / 10:55

(ВИДЕО) Крајот на диктаторот вака мириса: Лукашенко ја напушти Белорусија!

(ВИДЕО) Крајот на диктаторот вака мириса: Лукашенко ја напушти Белорусија!

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ја напушти земјата и покрај победата на претседатеслките избори.

Како што пренесува британски Експрес, повикувајќи се на локалните медиуми, Лукашенко одлетал во Турција од страв дека новиот претседателски мандат би можел да предизвика нереди во Минск.

Александар Лукашенко е претседател на Белорусија од 1994 година. И покрај многуте шпекулации дека претседателот би можел да ги загуби изборите, излезните анкети покажуваат убедлива победа на Лукашенко, кој добил повеќе од 80 отсто од гласовите.

Белорускиот портал МБК објави дека авион поврзан со Лукашенко ја напуштил земјата. Овој медиум објави дека претседателскиот авион Bombardier Challenger 850 слетал денеска во Турција.

Инаку, полицијата во неделата притвори повеќе од 2.000 лица ширум земјата, соопшти Центарот за човекови прави Виасна.

Тимот на Светлана Таихановскаја ги обвини денеска официјалните лица поради апсењето на нејзиниот менаџер, кој нема да бид епуштен на слобода до понеделник. Нејзиниот сопруг Сергеј е уапсен по обидот да се регистрира како кандидат на изборите.

Вчера во Минск почнаа да се собираат демонстранти, додека на социјалните мрежи се појавија видео снимки на кои се гледаат голем број воени возила како возат кон главниот град.

Лукашенко е остро критикуван поради начинот на кој постапувал во текот на кризата предизвикана од пандемијата со коронавирус и неспособноста да ја развие економијата, оцени британскиот весник.