Свет 03. април 2020. / 11:09

(ВИДЕО) Колумбиската полиција држи часови по танц за граѓаните полесно да го издржат карантинот

(ВИДЕО) Колумбиската полиција држи часови по танц за граѓаните полесно да го издржат карантинот

Полицијата во колумбиската престолнина Богота, најде креативен начин да им помогне на граѓаните полесно да го издржат времето поминато во изолација во своите домови, а истовремено и да се овозможи поголемо почитување на полицискиот час.

За таа цел полициските екипи танцуваат на улиците заедно со граѓаните излезени на нивните тераси и прозорци на звуците од музиката пуштена на звучници.

Како што велат од полицијата, овој концепт е преземен како мерка за превенција што на граѓаните треба да им помогне да ги сочуваат мирот и смиреноста, како и да ги одржуваат менталното и физичкото здравје во време на карантинот поради пандемијата на вирусот Ковид-19.

Во Колумбија има преку 1.100 заразени со корона вирусот од кои починаа 19 луѓе.