Свет 23. јули 2020. / 09:43

(ВИДЕО) Кина ќе ја истражува површината на Марс: Успешно лансирано вселенското летало

(ВИДЕО) Кина ќе ја истражува површината на Марс: Успешно лансирано вселенското летало

Кина лансираше беспилотно вселенско летало кон Марс. Неговата мисија ќе биде да ја истражува атмосферата и површината на Црвената планета.

Вселенското летало „Тјанван-1“, полета од космодромот Ванчан, на јужниот кинески остров Хајнан и ќе помине најмалку 55 милиони километри за до февруари да пристигне на Марс.

„Тјанван-1“ ќе атерира на Марс и ќе испрати робот, кој ќе ја испитува површината на планетата.

Тоа е прва самостојна кинсека мисија до друга планета и доколку биде успешна, Кина ќе биде трета земја по САД и поранешниот Советски Сојуз, која испратила сонда на Марс.

Кина во 2011 година заеднички работеше со Русија за испраќање летало на Марс, но мисијата не успеа.

Осум сонди – американски, европски и индиски се испратени во орбитата на Марс или на површината на Црвената планета. Во неделата Обединети Арапски Емирати од Јапонија лансираа сонда кон Марс, а во следните месеци се очекува нова американска мисија.