Лидерот на Северна Кореја заедно со претседателот на Јужна Кореа, Мун Џае Ин, засади дрво на мирот.
Контроверзниот Ким Џонг Ун стана првиот лидер на Северна Кореја кој стапнал во Јужна Кореја откако полуостровот е поделен со војна во 1953 година.
Во историските мигови лидерите на Северна и Јужна Кореја, Ким и Мун симболично и се ракувале на граничната линија. Претседателите се ракувале на двете страни на границата на демилитаризираната зона која ги дели двете држави.
Потоа Ким Џонг Ун го повикал јужнокорејскиот лидер за момент и тој да стапне на територијата на Северна Кореја, што тој веднаш го направил , по што двајцата претседатели се вратиле во Јна Кореја сете време држејќи се за рацете.
„Новата историја започнува сега“, изјави лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун по ракувањето со својот домаќин Мун Џае Ин.
Според ББЦ овие моменти не биле предвидени во протоколот во детално испланираната средба.