Свет 07. февруари 2021. / 10:40

(ВИДЕО) Катастрофа во Индија: Се сруши глечер од Хималаите, повеќе од 100 мртви

(ВИДЕО) Катастрофа во Индија: Се сруши глечер од Хималаите, повеќе од 100 мртви

Се стравува дека околу 150 лица загинаа во Индија кога дел од глечер од Хималаите се сруши и погоди брана, предизвикувајќи поплави и принудувајќи го локалното население од северот на оваа земја да се евакуира.

-Точниот број на мртви сè уште не е потврден, но се плашиме дека има меѓу 100 и 150 мртви, изјави локалната полиција за Ројтерс.

Очевидец вели дека видел ѕид од прашина, камења и вода, кога лавина влетала во реката низ долината.

-Сè се случи многу брзо, немаше време некој да биде информиран. И мислев дека таа маса ќе ме одведе, рече Санџај Синг Рана, кој живее во селото Рајни.

Жителите стравуваат дека биле убиени луѓе кои работеле на изградба на блиска хидроцентрала, како и луѓе од блиското село кои воделе добиток кон реката.