Свет 27. август 2020. / 19:11

(ВИДЕО) Изгоре мега јахта – патниците едвај спасиле жива глава

(ВИДЕО) Изгоре мега јахта – патниците едвај спасиле жива глава

Мегајахтата „Лејди ММ“ во вторникот се запалила во меѓународни води, на 50-ина километри од Сардинија.

На јахтата имало 17 лица, девет члена на екипажот и осуммина гости. Сите тие се спасени и се чувствуваат добро. Капетанот на јахтата бил од Хрватска, исто како и пет други члена на екипажот.

Противпожарниот аларм на јахтата се огласил околу 6 часот. Капетанот веднаш ја известил крајбрежната стража и наредил затворање на резервоарите, кои имале повеќе од 70.000 литри дизел, со што се избегнала уште поголема еколошка катастрофа.

Веднаш почнала акција за спасување, во која учествувале два брода и хеликоптер. Спасувачите, по доаѓањето, го виделе само бродот во оган, но не затекнале никого. Јахтата бргу потонала, а подоцна се дознало дека екипажот и патниците го напуштиле бродот со спасувачки чамец и дека сите биле живи. Ги пресретнале бродови и ги одвеле на сигурно.

„Лејди ММ“ била луксузна јахта, долга 48 метри, изработена во Италија и закотвена во Анкона. Таа пловела под знамето на Кајманските Острови.