Свет 04. декември 2020. / 00:51

(ВИДЕО) Изборниот фалсификат во САД фатен на камера?!

(ВИДЕО) Изборниот фалсификат во САД фатен на камера?!

Од кампањата на Доналд Трамп пред малку на социјалните мрежи објавија шокантни снимки од едно гласачко место во сојузната држава Џорџија.

При сведочењето пред судот за наводната изборна измама, адвокатскиот тим на Доналд Трамп, предводен од Руди Џулијани, презентираше видео докази, снимка од безбедносните камери на која се гледа како куфери полни со гласачки ливчиња се извлечени од под една од масите, ОТКАКО набљудувачите им наредиле на пребројувачите да ја напуштат просторијата. Четири лица, останале и продолжиле со броењето на гласовите.

Џорџија важи за една од клучните држава во одредувањето на победникот на претседателските избори во САД. Иако според предвидувањата и проценките на експертите, државата требаше да падне во рацете на Трамп, ноќта на изборите се случи чудо и во последните неколку илјади гласови Бајден дојде до мала предност во однос на Трамп.

Инаугурацијата на Бајден е закажана за 21 јануари, но Трамп се заложи дека ќе се бори до крај и доколку успее да ја докаже измамата, тој би можел да остане на чело на САД уште 4 години.