Свет 16. јануари 2021. / 20:11

(ВИДЕО) Итна евакуација на аеродромот во Франкфурт

(ВИДЕО) Итна евакуација на аеродромот во Франкфурт

На еден од најголемите аеродроми во Европа, оној во Франкфурт, полицијата нареди масовна евакуација на присутните поради наводна закана со огнено оружје.

Неколку сектори на аеродромот се затворени поради постапката на полицијата, која побара од граѓаните да не ги споделуваат снимките од овој настан на социјалните мрежи.

Поради новонастанатата ситуација може некои летови да се одложат.

На патниците им е однапред соопштено да го проверат статусот на летот пред да пристигнат во зградата на аеродромот.

Едно видео покажува како полицаец покажува пиштол кон лице на земја.