Свет 17. август 2019. / 22:23

(ВИДЕО) Истанбул под вода – поплавен прочуениот „Гранд Базар“

(ВИДЕО) Истанбул под вода – поплавен прочуениот „Гранд Базар“

Најмалку едно лице загина во обилните дождови што денеска го погодија Истанбул, пишува Алсат.

Како што пренесуваат локалните медиуми, поплавени се голем број улици и подруми, а потешкотии има во железничкиот и поморскиот сообраќај. Траектот преку Босфор е прекинат.

 

Порталот на телевизијата „Абертурк“ пренесува дека поплавен е и прочуениот комплекс од улички и дуќани – Гранд Базар.