Свет 22. април 2020. / 12:10

(ВИДЕО) Иран го лансираше првиот воен сателит во орбитата

(ВИДЕО) Иран го лансираше првиот воен сателит во орбитата

Иранската Револуционерна гарда соопшти денеска дека го лансирала својот прв воен саталит и дека влегол во орбита.

-Првиот ирански воен сателит е лансиран утринава од централниот дел на Иран. Лансирањето беше успешно и сателитот влезе во орбита, се истакнува во соопштението.

Во соопштението се наведува дека носачот „Курир“ е употребен за ланситање на сателитот „Нур“. Сателитот е во орбита 425 километри над површината на Земјата. Повеќе детали не се објавуваат, како и за технологијата која е користена.

Сателитот е ленсиран во време кога владеат зголемени тензии во односите со САД заради нуклеарните и ракетни програми на Иран и неколку месеци откако во напад на американски беспилотни летала убиен е иранскиот генерал Касам Солејмани.