Илјадници активисти и приврзаници на самостојноста на Хонг Конг се собраа во центарот на градот на собир што го нарекоа „Ден на благодарноста“, за да им се заблагодарат на САД за донесувањето на законот со кој им се даде поддршка на демонстрантите во Хонг Конг.
Истовремено, тие ветија дека „ќе продолжат да маршираат“ и да се борат за своите цели, јавија американските медиуми.
A sea of US flags is being waved at Edinburgh Place, as activists involved in speaking in Washington — including Denise Ho, Joshua Wong and Sunny Cheung — are set to speak.#hongkong pic.twitter.com/9nOPn9Sll9
— Hong Kong Free Press (@HongKongFP) November 28, 2019
Американскиот претседател Доналд Трамп завчера го потпиша законот што беше усвоен од Конгресот за давање поддршка за демонстрантите во Хонг Конг и санкции кон кинеските власти.
Еден од законите ги одобрува економските санкции за Хонг Конг и кинеските официјални претставници, кои се прогласени за виновни за кршење на човековите права.
Вториот го забранува извозот на одредена маневарска муниција за хонгконшката полиција.
Кина вчера го повика на разговор американскиот амбасадор Тери Брендстад за да му изрази „силен протест“ поради одлуката на претседателот Трамп да го потпише законот за човековите права во Хонг Конг.