Свет 30. јануари 2020. / 14:06

(ВИДЕО) Хорор во Лос Анџелес: Пожар во зграда, луѓе се фрлаат од балкони за да се спасат

(ВИДЕО) Хорор во Лос Анџелес: Пожар во зграда, луѓе се фрлаат од балкони за да се спасат

Се’ уште не е позната бројката на луѓе кои скокнале од становите во зграда во Лос Анџелес откако се запалил стан на 6. кат во станбена зграда.

Пожарникарите добиле дојава околу 08:30 часот, а за тамошните медиуми изјавиле дека уште не знаат колку точно луѓе скокнале, јавува „Дејли меил“.

На социјалните мрежи се појавија фотографии и видео-снимки од пожарот. Во истата зграда пожар имало и во 2013 година, тогаш на 11. кат, со осуммина повредени луѓе.