Свет 21. декември 2019. / 22:27

(ВИДЕО)Хонг Конг: Полиција упадна во неколку трговски центри, група демонстранти кршеа се пред себе

(ВИДЕО)Хонг Конг: Полиција упадна во неколку трговски центри, група демонстранти кршеа се пред себе

Денес Хонгконгшката полиција изврши рација во неколку трговски центри, растерувајќи и апсејќи антивладини демонстранти кои протестираат во екот на претпразничниот шопинг.

Десетици припадници на единицата за итни случаи упаднаа во трговски центар во Јуен Лонг, во близина на кинеската граница, за да ги избркаат демонстрантите. За кратко време продавниците беа затворени.

Група демонстранти се собраа и во трговскиот центар во Цим Ша Цуи, кој е омилен на побогатите купувачи во Кина.