Свет 10. април 2019. / 19:53

(ВИДЕО) Гори голем трговски центар – има повредени и загинати

(ВИДЕО) Гори голем трговски центар – има повредени и загинати

Најмалку две лица загинале, а 16 се повредени во пожар кој денес избувнал во голем трговски центар во Бангкок.

Гувернерот на Бангкок Асавин Кванмуанг претходно изјавил за новинарите дека три лица починале, еден на самото место, а две во болница и дека најмалку уште седум се повредени.

Тој додал дека пожарот почнал во магацинот со документи на осмиот кат на една од висококатниците која е дел од комплексот, пренесува АП.

Полицијата соопшти дека позжарот почнал на просторот за паркинг на трговскиот комплекс.Засега не е позната причината за пожарот.