Свет 15. септември 2020. / 09:42

(ВИДЕО) Голем пожар во центарот на Бејрут

(ВИДЕО) Голем пожар во центарот на Бејрут

Голем пожар избувна денес во комерцијалниот дел на Бејрут, во центарот на главниот град на Либан, објави „Спутник“.

Во овој момент нема официјални информации за причините за пожарот и можните жртви.

Само пред неколку дена се случи уште еден голем пожар во пристаништето, кое претходно беше уништено со детонација во август, кога беа убиени 190 лица.

Експлозијата била предизвикана од вештачко ѓубриво што не било складирано според прописите.