Десетици активисти за заштита на животната средина денеска протестираа пред термоцентралата во Манхајм.
Демонстрантите го блокираа влезот во термоцентралата, што работи на јаглен против согорувањето на фосилни горива. Полицијата соопшти дека 40 до 50 активисти го блокирале влезот од утрово.
Портпаролот на полицијата, Мајкл Клумп рече дека додека повеќето демонстранти биле собрани на главниот влез на термоелектраната, неколкумина влегле во просториите и ја блокирале подвижната лента што се користи за транспорт на јаглен.
Германската група „Енде Гелаенде”, која организираше бројни демонстрации во текот на годините против рудници за јаглен и термоцентрали, изјави дека нејзините членови сакаат електраната да биде затворена, затоа што емисиите на стакленички гасови од неа придонесуваат за глобалното затоплување.
Електричната централа од 2.150 мегавати од брегот на реката Рајна, заедно ја управуваат три германски компании.