Свет 08. април 2020. / 09:59

(ВИДЕО) Франција: Заштитна опрема на медицинска сестра се распаѓа за неколку секунди

(ВИДЕО) Франција: Заштитна опрема на медицинска сестра се распаѓа за неколку секунди

Шокантни снимки од болницата во Марсеј почнаа да кружат на социјалните медиуми во понеделникот.

На неа се гледа како медицинска сестра во детската болница Тимоне облекува заштитно одело, какво што се користи за работа со пациенти кои имаат коронавирус, за тоа да се распадне за неколку секунди како да е од хартија.

Здравствените власти од овој град потврдија дека опремата потекнува од магацин во Франција, но била деградирана бидејќи стоела во лоши услови.

Снимките за прв пат „протекоа“ од приватната комуникација меѓу вработените во болницата.

Внимание, добивме нови костуми. Американците не сакаа да ги земат од пистата, се слуша на видеото, потсетувајќи на случајот кога САД купија опрема што требаше да биде испратена во Франција.

Медицинската сестра потоа покажува на дупка на раката и вели како така ќе влезе во просторијата каде се наоѓаат пациентите со Ковид-19.

Ќе го земам внимателно, никогаш не знаете што може да се случи, и еве – ми помина раката, вели медицинската сестра, додавајќи дека ова е трета кутија со одела и дека станува збор за нормална појава.

Истрага веднаш е спроведена, а локалните власти негираа дека опремата неодамна била испорачана од Кина, туку дека костумите биле од домашни резерви и биле оштетени од влага, што е потврдено од влажните кутии.

Се додава дека од 20.400 парчиња од оваа опрема испорачани во неделата, околу 300 биле оштетени.