Свет 23. ноември 2018. / 21:13

(Видео) Франција: Маж се заканува со граната на бензинска станица, бара средба со претседателот Макрон

(Видео) Франција: Маж се заканува со граната на бензинска станица, бара средба со претседателот Макрон

Француската полиција се обидува да го уапси мажот кој на бензинска станица во близина на францускиот град Анже се заканува дека ќе се разнесе со граната.

Министерот за внатрешни работи рече дека човекот носи флуросцентна јакна, слична на оние што го носеле активисти низ целата земја кои протестираат поради цените на горивото, протести чиј број се зголеми минатата недела.

Како што пишува РТ, човекот очигледно има повеќе експлозиви, а не само една граната и бара разговор со претседателот Емануел Макрон. Полицијата во овој момент ги евакуира жителите од околните места.