Во експлозија на гас која се случи утрово во еден супермаркет во рускиот град Владивосток, повредено е едно лице и нанаесена е голема материјална штета.
Властите во Владивосток, главниот град на Северна Осетија, потврдија дека едно лице е повредено и дека најверојатно се работи за ноќниот чувар на објектот, а можно е уште едно лице да останало под урнатините по експлозијата, бидејќи зградата целосно е урната, пренесува ТАС С.
Супермаркетот во кој се случи експлозијата бил затворен за купувачи во времето на инцидентот.