Свет 11. февруари 2020. / 14:02

(ВИДЕО) Експлозија во Русија: 24 илјади луѓе останаа без струја и греење

(ВИДЕО) Експлозија во Русија: 24 илјади луѓе останаа без струја и греење

Заради експлозија во топлана во Подољски, јужно од Москва 24 илјади луѓе останаа без струја и затоплување на температури под нула. Експлозијата ја снимил возач на автомобил.

По пламената топка во воздухот се издигна црно-сив облак. Експлозијата се случила на 30 километри јужно од Москва.

Во рок од еден час жителите на Подољска повторно добиле струја, а нешто подолго траела нормализацијата на греењето и топлата вода.

Руските медиуми јавуваат дека се истажува причината за експлозијата.