Свет 09. август 2020. / 19:00

(ВИДЕО) Еколошка катастрофа на тиркизните води на Маурициус

(ВИДЕО) Еколошка катастрофа на тиркизните води на Маурициус

Маурициус прогласи вонредна состојба, откако огромна количина нафта започна да истекува од заглавен танкер, на бреговите на островот во Индискиот Океан.

Сателитските слики прикажуваат големи црни точки на тиркизните води во близина на загрозената еколошка област.

Брод со скоро 4.000 тони нафта се насука  на брегот на островот   и тони нафта почнале  да се истураат во морето.

Мала островска земја со околу 1,3 милиони жители, чија економија се потпира на риболов и туризам, веќе го „бори“ коронавирусот и нема ниту експерти, ниту опрема за справување со вакви ситуации.

Затоа Премиерот побара помош од Франција.