Свет 15. октомври 2019. / 23:00

(ВИДЕО) Најмалку еден загинат во урната седумкатница во Бразил

(ВИДЕО) Најмалку еден загинат во урната седумкатница во Бразил

Најмалку едно лица загина при уривање на седумкатна станбена зграда во Форталеза, град во североисточен Бразил.

Спасувачките служби информираа дека досега три лица се пронајдени живи. Засега не е познато колку лица имало во зградата во моментот на несреќата.

Зградата се наоѓа во центарот на градот, кој има 2,6 милиони жители.