За време на НАТО Самитот во Лондон, кој се одржува вчера и денеска, јавноста веќе имаше шанса да види како пред камерите вербално се судрија американскиот претседател, Доналд Трамп и неговиот француски колега, Емануел Макрон. Но, на нови снимки кои се појавија на социјалните мрежи и ги објавија некои странски медиуми, може да се види како лидерите на некои од најголемите американски сојузници, според контекстот на разговорот, го озборуваат и го исмеваат Трамп.
Снимката е направена за време на приемот во Бакингамската палата кај кралицата Елизабета Втора и нејзиниот наследник, принцот Чарлс.
На снимката се гледаат холандскиот премиер Марк Руте, канадскиот премиер Џастин Трудо, британскиот премиер Борис Џонсон и францускиот претседател Емануел Макрон, како сите стојат во круг и разговараат пиејќи.
This happens at every NATO summit with Trump. Every G7. Every G20. The US President is mocked by US allies behind his back. pic.twitter.com/FWncEM7jVs
— ian bremmer (@ianbremmer) December 4, 2019
Дел од разговорот, фатен од микрофони на американската „Си-би-ес“, е доста интересен.
,,А зошто доцниш?” го прашува Џонсон Макрон. Наместо Макрон, одговара Трудо: „Доцни поради неговата 40-минутна прес-конференција“.
Макрон, во вторникот попладне, разговараше со Доналд Трамп, кој пред самиотот остро го нападна францускоот колега, заради неговата претходна проценка за „мозочна смрт“ на НАТО и поради планираното оданочување на американски технолошки компании.
Макрон и Трамп долго време одговараа на новинарски прашања, што не беше предвидено во протоколот, при што Макрон кажа дека тој останува на своите тврдења за НАТО, кои Трамп ги овени како навредливи.
Џастин Трудо со насмевка оценува: „Убаво се виде дека членовите на неговиот тим (н.з. на Трамп) подзинаа, како паднати од Марс“.
Како и на претходниот самит на НАТО, Трамп не се придржуваше кон протоколот, па изјавите за новинарите во друштво на лидерите на сојузничките земји ги користеше за непредвидено да одговара на прашања од меѓународните медиуми.
Разговорот на европските лидери со канадскиот премиер случајно е снимено со камери на канадска телевизија, сигурно нема да ја подобри атмосферата денеска кога на самитот ќе за разговаа за турската операција во Сирија.