Свет 17. ноември 2019. / 16:00

(ВИДЕО) Двајца загинати кога Порше се заби во вториот кат во куќа во Њу Џерзи

(ВИДЕО) Двајца загинати кога Порше се заби во вториот кат во куќа во Њу Џерзи

Тешка сообраќајна несреќа поради неприлагодена брзина го потресе Њу Џерси. Порше се забило во вториот кат од зграда, а двајцата патници во автомобилот загинале на самото место.

Добар дел од куќата во која се забил автомобилот е уништен.

Возачот изгубил контрола врз возилото, пренесува „CBS News“.

Возел со голема брзина и налетал на работ, кој потоа го катапултирал автомобилот во воздухот.

Автомобилот е целосно уништен, а од куќата морале да го одвојуваат со кран.