Свет 02. јули 2020. / 09:58

(ВИДЕО) Дваесетина убиени во маскр во установа за лекување од зависности во Мексико

(ВИДЕО) Дваесетина убиени во маскр во установа за лекување од зависности во Мексико

Најмалку 24 лица загинаа, а седум се повредени во вооружен напад врз установа за третман на зависности од дрога во Ирапуат, во центарот на Мексико, соопштија локалните власти.

„Непознати лица се возеле во црвен автомобил, тоа е сè што знаеме. Според првите информации, 24 лица загинале, а 7 се повредени – соопшти шефот на безбедносната служба во Ирапуат, Педро Кортес.

Според првичните информации, вооружените напаѓачи влегле во институцијата, ги принудиле жртвите да легнат на подот и пукале во нив.

Властите трагаат по возилото што го возеле на местото на злосторството.