Меѓу повредените четири лица имаат тешки повреди , откако бината се урнала врз шеталиште за време на фестивал во шпанскиот град Пуерто Виго. Дрвената бина паднала врз посетителите на рап концертот , а лекарска помош побарале 130 лица.
Платформата била долга 30 метри и широка10 метри , а најголем дел од конструкцијата се урнал во морето. Неколку деетици луѓе во моментот на уривањето биле на самата бина , по што настанала општа паника.
Веднаш пристигнале голем број екипи на итната помош , а нуркачи го пребарувале морето во случај некој од настраданите да не останал заробен во остатоците од бината. За сега нема податоци за загинати.