Свет 13. декември 2019. / 18:27

(ВИДЕО) Драма во Чикаго: Камион кој истураше сол по патот заврши во замрзнато езеро

(ВИДЕО) Драма во Чикаго: Камион кој истураше сол по патот заврши во замрзнато езеро

Двајца градски службеници изгубиле контрола над возилото кое истура сол по замрзнатите патишта во Чикаго, а успеале да излезат од камионот пред да завршат во студеното езеро во Мичиген

Камерите снимиле како камионот бавно се движи по замрзнатите патишта низ крајбрежјето на езерото и како потоа полека се лизга во вода. Работниците го напуштиле камионот на време и дошле на сигурно.