Свет 11. февруари 2019. / 13:58

(ВИДЕО) Диви свињи слободно се шетаат по улиците на Хонг Конг

(ВИДЕО) Диви свињи слободно се шетаат по улиците на Хонг Конг

Австралијката Лиз Волш, нејзиниот сопруг и нивните близначки во мај минатата година се доселиле во луксузен кварт во Хонг Конг. Пред неколку дена семејството наишло на три необични соседи. Станува збор за диви свињи кои во Хонг Конг не се ретка глетка. Вепари редовно талкаат по патиштата, спијат по паркови и се дружат на локалните игралишта.

-Тие се питоми и пријателскји расположени, вели Велш, и додава дека секогаш будно ги следи кога е со близначките, пишува Си-ен-ен.

Според одделот за земјоделство, риболов и конзервација во последните пет години се удвоил бројот на жалби на диви свињи. Неодамна талкале меѓу авионите на меѓународниот аеродтом во Хонг Конг и опустошиле трговски центар.

Хонг Конг е познат по урбаните области и високите згради. Парковите и природните резервати сочинуваат 40 отсто од територијата. Бидејќи е кратка одалеченоста од „бетонската џунгла“ до суптропската прашума, не е невообичаено змиите, мајмуните и бодликавите прасиња да се забележат во неселнитете области.

Во минатиот век во регионот на Хонг Конг можеле да се видат и тигри. Но, откако изумреле, најголемото диво животно кое таму се наоѓа е дивата свиња. Со време дивите свињи престанале да се плашат од луѓето.