Свет 04. август 2019. / 09:13

(ВИДЕО) Детали од пукањето во Тексас: 21-годишник уби 20 и повреди 26 лица

(ВИДЕО) Детали од пукањето во Тексас: 21-годишник уби 20 и повреди 26 лица

Најмалку 20 лица се убиени, а 26 се повредени со прострелни рани, кога Касиус со калашников влетал вчера во трговскиот центар во Ел Пасо, Тексас.

ФБИ води истрага за домашен тероризам, откако е најден манифест со расистичка содржина што 21- годишниот Патрик Красиус го објавил на социјалните мрежи пред да тргне во убиствениот поход.

Тој влегол во трговскиот центар без зборови и веднаш почнал да пука во купувачите и вработените. Се претпоставува дека мотив на монструмот е расистички , бидејќи на 20 минути пред нападот , тој објавил манифест во кој изразува расистички ставови, како загрозен припадник на белата заедница во САД против мигрантите.

Убиецот допатувал над 1000 километри од градот Ален во Тексас до Ел Пасо за да го изврши масакрот.

Во една од локалните болници се примени 11 лица на возраст меѓу 35 и 82 години, а9 лица се во критична состојба, двајца се во стабилна состојба, а две до три се во животна опасност.

Мексиканскиот претседател Андрес Обрадор напиша на Твитер дека тројца Мексиканци се меѓу загинатите . Министерот за надворешни работи изјави дека едно 10-годишно девојче е меѓу шестмина погодени Мексиканци.

Полицијата на Ел Пасо потврди дека во пукањето била користена пушка.

Првично, полицијата добила извештај на неколку напаѓачи.

Инспекторите веруваат дека напаѓачот го копирал нападот во Кристчрч, Нов Зеланд.

Во моментов стотици граѓани на Ел Пасо донираат крв за повредените во нападот , во кој има и деца.