Свет 21. јануари 2020. / 14:06

(ВИДЕО) Бурата „Глорија“ остави повеќе од 200.000 шпански домаќинства без струја

(ВИДЕО) Бурата „Глорија“ остави повеќе од 200.000 шпански домаќинства без струја

Приближно 220.000 домаќинства во Џирона останале без електрична енергија како последица на бурата „Глорија“ што ја зафати Шпанија.

Последните неколку денови, поради бурата и снежните врнежи во Шпанија загинаа најмалку четири луѓе, а над 20 лица се повредени.


Шпанската метеоролошка служба предупреди дека од невремето ќе бидат погодени голем број провинции на североисточниот дел на Шпанија.