Бела пена прекри една од најпознатите плажи во Индија, предизвикувајќи опасност од загадување четири дена по ред.
Деца си играат и прават селфи со пената на плажата Марина и покрај тоа што таа има остра миризба и на рибарите им е кажано да не влегуваат во морето во близина на неа. Лекарите предупредуваат дека пената може да предизвика проблеми со кожата.
Според локални медиуми, пената се формира секоја сезона на монсуните, но оваа година е посебно опасна.
Советот за контрола на загадувањето во државата Тамил Наду соопшти дека се анализираат примероци од пената што е распространета на неколку километри на плажата.
People play on as foam covers Chennai beach, India pic.twitter.com/cNYJyU3VbD
— CGTN (@CGTNOfficial) December 2, 2019
Дел од научниците тврдат дека најголем дел од пената е од средства за миење садови што се мешаат со други отпадоци. Само 40 отсто од канализацијата во Ченај и други големи градови има правилно пречистување, додека останатото се влива во морето.
Пред два дена доброволци имаа акција за чистење на плажата во Ченај. За два часа собраа речиси еден тон пластика и други отпадоци.