Видео како свештеник од Францијa удира дете на крштевање, предизвика гнев на социјалните мрежи. Видеото покажува дете како вреска, додека свештеникот му вели нешто, а потоа го удира.
Иако видеото е направено пред две години, во последните денови повторно почна да се споделува на социјалните мрежи.
Имено, како што може да се види во видеото, детето е во рацете на една жена плачејќи постојано, додека свештеникот Жак Лакроа (91) нешто му вели.
Бидејќи детето не се смирува и вреска се погласно и погласно, свештеникот го грабнува грубо за вратот, ја потпира главата на рамото, а потоа го удира.
По шлаканицата, мажот, најверојатно таткото на момчето, го зема од рацете на жената, додека другите приоѓаат и го одвлекуваат свештеникот.
Свештеникот е суспендиран по овој инцидент и веќе не смее да извршува крштевки или свадби.
Тој се правдал дека не знаел што да прави со детето и затоа го удрил, мислејќи дека тоа ќе го смири, родителите на момчето го прифатиле извинувањето на свештеникот.
Children can sense evil in people.. #SaveTheChildren pic.twitter.com/4ISYvC5nGW
— Seiji_6438 (@6438Seiji) July 3, 2020