Свет 17. јануари 2021. / 18:32

(ВИДЕО) Авионот на Навални пренасочен, нема да слета во Москва

(ВИДЕО) Авионот на Навални пренасочен, нема да слета во Москва

Еден од најгласните критичари на Кремљ, Алексеј Навални, се враќа во Русија за прв пат откако беше отруен со новичок.

Авионот требаше да слета нешто пред 18 часот на аеродромот Внуково, но беше пренасочен кон аеродромот Шереметјево.

Голем број приврзаници на Алексеј Навални се собраа во Внуково, како и силни и бројни полициски сили.

Навални и сопругата споделија видео на Инстаграм кратко по полетувањето со опис: „Летаме дома“.