Три лица загинале кога ултралесен авион се урнал во станбена зграда во северо-западна Германија.
Како што соопшти портпаролот на полицијата, идентитетот на загинатите е непознат, како и тоа дали пилотот на авионот е меѓу нив. Тој додаде дека во авионот имало место за две лица
Авионот се урнал врз покрив од зграда со пет стана во градот Весел, во регионот Долна Рајна Вестфалија. По падот, покривот го зафатил оган, но пожарот е ставен под контрола.
При преглед на зградата пожарникарите пронашле мало дете, веројатно станар на зградата, кое било полесно повредено, соопшти портпаролот на полицијата.