Свет 19. октомври 2019. / 09:38

(ВИДЕО) Авион излета од пистата во Алјаска, едно лице загина

(ВИДЕО) Авион излета од пистата во Алјаска, едно лице загина

38-годишен патник на лет за Алјаска почина откако авион со 42 патници излета од пистата додека слетувал. Авионот превезувал и тим од средно училиште.

Во авионот на компанијата „Пенинсула ервајс, кој полетал од Енкориџ, се наоѓале 39 патници и тројца членови на екипажот.

– За време на слетувањето, авионот се лизнал од пистата и во тој момент загина 38-годишен маж од државата Вашингтон, соопшти полицијата.

Истрагата за причините за инцидентот е во тек.