Свет 11. септември 2019. / 17:26

(ВИДЕО) Американците разнесоа цел остров со џихадисти со 40 тони бомби

(ВИДЕО) Американците разнесоа цел остров со џихадисти со 40 тони бомби

Нападите се дел од операцијата која ирачките сили и коалицијата предводена од американската армија ја спроведуваат против Исламската држава, терористичка организација која пред две години беше поразена во Ирак.

Американските авиони практично разнесоа цел остров во Ирак. Имено, авионите на американското воено воздухопловство фрлиле околу 40 тони бомби на ирачкиот остров Канус на реката Тигар на кој се наоѓале милитанти на Исламската држава.

Операцијата имала цел да ги спречи џихадистите да го превземат целиот остров и да го користат како свое упориште.

Во соопштението на коалицијата предводена од армијата на Соединетите Американски Држави беше соопштено дека бомбардерите „Ф-15“ и „Ф-35“ учествувале во бомбардирањето на островот кој се наоѓа во покраината Салахедин, северно од ирачката престолнина Багдад.

Исто така, објавено е и видео на кое се гледа бомбардирањето на островот на реката Тигар кој е „заразен од Исламската држава“. Како што пренесуваат западните медиуми, операцијата е замислена за бунтовниците да не се скријат во густата вегетација на островот.

Ние им ја ограничуваме можноста на терористите на Исламската држава да се сокријат на островот Канус, изјави генерал мајор Ерик Т. Хил, командант на Заедничката оперативна група за специјални операции.

Вчерашните напади се дел од операциите кои ирачките сили и коалицијата предводена од американската армија ги спроведуваат против Исламската држава, чие што „јадрдо“ беше поразено во 2017-та година.

Иако една од најозлогласените терористички организации на сите времиња официјално е поразена во оваа држава, сепак има помали ќелии на Исламската држава кои и натаму изведуваат бомбашки напади во Ирак.