Компанијата Локид Мартин ѝ го понуди на индиската влада својот нов борбен авион Ф-21, кој би требало да се произведува во Индија, во обид да добие голема воена нарачка вредна над 15 милијарди долари.
Американската компанија за воена технологија претходно ѝ ги понуди своите ловци Ф-16, кои се користат низ светот, за индиското воено воздухопловство кое планира 114 нови авиони кои би се произведувале во Индија.
Меѓутоа, Локид денес на претставувањето на новиот авион во јужниот индиски град Бангалор соопшти дека на Индија ѝ нуди авиони развиен специјално за нејзините потреби.
–Ф-21 е поинаков, одвнатре и однадвор, изјави потпретседателката на развојната стратегија и бизнис на Локид Мартина Вивек Лал.
Локид авионите ќе ги произведува во соработка со индиската компанија Тата адвансд системс, соопшти компанијата. Конкуренција на Локид на тендерот му се Ф/А-18 на Боинг, грипен на СААБ, мираж на Десот, тајфун на Јурофајтер и еден руски авион.