Свет 30. јануари 2020. / 11:53

(ВИДЕО) Откриен најдолгиот тунел за шверц на дрога, минува 70 метри под ѕидот на Трамп

(ВИДЕО) Откриен најдолгиот тунел за шверц на дрога, минува 70 метри под ѕидот на Трамп

Американските власти објавија дека го откриле најдолгиот тунел за шверц што некогаш бил пронајден на југозападната граница, и се протега во должина од 1,3 километри, од индустриски локалитет во Тихуана,  Мексико, до областа Сан Диего.

Тунелот содржи широк систем на железничка пруга, колички, систем за вентилација на воздухот, трансформатори за струја, како и лифт на влезот од тунелот и комплексен дренажен систем.

– Никогаш не сме помислиле дека имаат толкава решителност да одат толку далеку. Тие (шверцерите) продолжуваат да ме изненадуваат, изјави Ленс Леноар, началник за операции на гранична патрола.

Тунелот ги покрена прашањата за ефикасноста на ѕидот на Трамп на мексичката граница, кој се протега на неколку метри под земја во областа, но тунелот кој е откриен се наоѓа на 70 метри под земја, веднаш под ѕидот.

Вториот најдолг тунел во САД, кој се протега на 904 метри, беше откриен во Сан Диего во 2014 година