Бројот на загинати во пожарите што избувнаа во два брода што пловат под знаме на Танзанија се зголеми на 14. На бродовите имало вкупно 32 лица, сите државјани на Турција или Индија, а спасувачките екипи успеале да спасат само 12 лица.
Агенцијата претходно информираше дека пожарите избувнале откако на едниот од бродовите се случила експлозија, по што членови на нивните екипажи почнале да скокаат во вода бегајќи пред огнот.