Свет

Ветерот достигна сила до 109 километри на час – невремето остави страшни последици (ФОТО)

Ветерот достигна сила до 109 километри на час – невремето остави страшни последици (ФОТО)

Невреме проследено со силни ветрови и обилни врнежи на северот од Индија однесе најмалку 40 животи, соопштиле властите.

Метеоролозите објавиле дека ветерот достигнал брзина и до 109 километри на час, открнувал дрва, столбови за пренос на електрична енергија и рушел куќи.

Како што пишуваат тамошните медиму сообраќајот е во прекин, а десетина летови се преусмерени од меѓународниот аеродром во Њу Делхи, бидејќи невремето го зафати и градот.

Властите соопштија дека загинале над 38 лица, а најмалку две се настрадани во Њу Делхи, пренесува АП.

Погледнете го пустошот после невремето: