Свет 13. јануари 2019. / 22:32

Венецуела: Уапсен претседателот на парламентот

Венецуела: Уапсен претседателот на парламентот

Припадниците на разузнавачката служба на Венецуела го уапсија Хуан Гидо, претседател на парламентот, соопштија пратеници и неговата сопруга.

Парламентот е единствената институција во земјата под контрола на опозицијата.

Разузнавачката служба Себин го уапси Хуан Гаудо, наведе на твитер неговата сопруга Фабиана Розалес.

Пратениците кои го чекале Гаидо на состанок на околу 40 км од Каракас, ја потврдија веста за апсење на претседателот на парламентот.

Подоцна на неговиот налог на Твитер се појави порака дека е уапсен, но дека не се знае каде точно се наоѓа тој.

Апсењето доаѓа на два дена по инаугурацијата на Нуколас Мадуро кој го почна вториот мандат како претседател на државата.

Гаидо (35) повика на протести на 23 јануари сметајќи дека треба да биде формирана преодна влада.