Свет 02. јуни 2019. / 13:35

Венеција: Се судрија крузер и туристички брод има повредени

Венеција: Се судрија крузер и туристички брод има повредени
Илустрација

Четири лица се полесно повредени денеска при судар на крузер и туристички брод во Венеција, јавија италијанските медиуми. Агенцијата Анса објави дека две лица се префрлени во болница.

Сударот се случил во каналот Џудека. Противпожарната служба на Твитер соопшти дека ситуацијата е под контрола.