Британскиот министер за одбрана Гевин Вилијамсон денеска изјави дека ќе бидат зголемени воените ресурси наменети за вселенска одбрана, поради „зголемување на заканата“ со кој се соочува земјата.
Британската војска ќе ја презема контролата врз воените операции во Вселената во рамки на првата „Стратегија за вселенска одбрана“, изјави Вилијамсон и додаде дека ќе биде зголемен бројот на војници во вселенскиот сектор.
– Треба да бидеме подготвени за спречување и пружање одговор на се поголемите закани кои се појавуваат во Вселената, а влијаат на нашиот секојдневен живот, изјави британскиот министер.
Тој како закани ги наведе пречките кои ги создаваат радио дифузните сателитски антени на населението на воените навигациски сателитски системи, како и пречките во врските на мобилната телефонија и интернетот.
Британскиот министер додаде дека ќе биде преиспитан и придонесот кон европската сателитска програма Галилео, со оглед на тоа дека учеството на некои британски компании беше доведено во прашање поради излегувањето на земјата од ЕУ.