Свет 17. декември 2019. / 11:08

Велика Британија ветува трговски договор со ЕУ до крајот на 2020 година

Велика Британија ветува трговски договор со ЕУ до крајот на 2020 година

Британскиот министер за Брегзит, Мајкл Гов, изјави дека Владата ветила оти ќе обезбеди трговски договор со Европската унија до крајот на 2020 година.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 31 јануари и премиерот Борис Џонсон треба да донесе закони за да спречи какво било продолжување на периодот на транзиција по крајот на следната година.

– Ќе дадеме се од себе за да ја завршиме работата навреме. Ќе постигнеме договор, а политичката декларација е обврзувачка за обете страни – изјави Гов