Велика Британија собра милијарда долари (820 милиони евра) од своите сојузници за да им помогне на „ранливите земји“ да добијат пристап до вакцината против Ковид-19, соопшти денеска Министерството за надворешни работи по повод виртуелната посета на генералниот секретар на ООН во Лондон.
Износот, издвоен од Канада, Германија и од Јапонија, и додаден на 608 милиони евра обезбедени од Лондон, „ќе овозможи да се дистрибуираат милијарда дози вакцина против коронавирус оваа година во деведесет и две земји во развој“, додава Министерството во соопштението.
„Од вирусот ќе се заштититме дури тогаш кога сите ќе бидеме заштитени – затоа сме фокусирани на глобално решение на глобалниот проблем“, рече министерот за надворешни работи Доминик Раб.
Информациите доаѓаат на првиот ден од тридневната виртуелна посета на генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш на Велика Британија, по повод 75-годишнината од основањето на ООН, чија прва седница се одржа во Лондон.