Свет 11. јуни 2020. / 16:16

Велика Британија со помала дневна смртност од корона вирусот

Велика Британија со помала дневна смртност од корона вирусот

Бројот на смртни случаи од корона вирус во Велика Британија се искачи на 41,227 лица откако во изминатото деноноќие бројот на починати се зголеми за 151 лице, објави тамошното министерство за здравство.

Бројот на новозаразени лица во изминатите 24 часа изнесува 1,266 лица при што вкупната бројка сега достигна 291.409 лица.

Бројот на тестови направени за корона вирусот од почетокот на пандемијата сега изнесува 6.240.801, со 197.007 тестови спроведени на 10 јуни, откриваат официјалните лица.