Според денеска објавените статистички показатели, бројот на починати лица од Ковид-19 во Велика Британија се искачи над 32.000. Според тоа, Обединетото кралство се искачи на црната челна позиција во Европа.
Во Англија и Велс, според Националното биро за статистика, бројот на починати во чии посмртници се наведува корона вирусот изнесува 29.648 лица.
Заедно со жртвите во Шкотска и Северна Ирска вкупниот број починати во државата брои 32.313 лица. Досега најтешко погодена со трагични последици од корона вирусот беше Италија.